• Post category:Uncategorized

Родина ќе го Отпише Долгот кон Меѓународните Банкари Даден на Корумпираните Елити за Нивно Лично Богатење!

Глобалните комерцијални банки кои даваа кредити на корумпираните политички елити за да завршат во приватни џебови во исто време кога сами ги оценуваа како корумпирани по нивните меѓународни стандардни индикатори (Светска Банка, ММФ итн) нека се ги бараат сега долговите назад токму од тие корумпирани елити. Родина нема да дозволи вашето лично корумпирано богатење да го плаќаме ние, нашите деца, внуци и правнуци!

Според анализите на Родина корумпираните политички елити исцицуваат 1.4 Милијарди Долари годишно од Македонската Економија и намерно ја носат во неизбежен финансиски и економски колапс и банкрот кој и е планиран од страна на глобалистите и нивните марионети со цел да покажат, еве не можеме ние сами да се владееме, ќе ги дадеме сите природни и човечки богатства и ќе станеме протекторат и вечни робови.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА нема тоа да го дозволи! Ако е нивната цел да ја одведат Македонија во намерен банкрот за ефтина распродажба на се што е вредно во нашата земја и татковина, ќе им го расипеме планот со отпишување на долговите и одбрана на се што е Македонско јавно добро, благо и ресурси!

Македонија, според најновите (и наштимани податоци бидејќи во релноста се уште пострашни) веќе премина 8 милијарди долари надворешен долг, нема да го следи патот на Грција и Ирска чии власти ги направија нивните народи финансиски робови туку примерот на Исланд и Аргентина како и многу други земји (Италија, Шпанија, итн) кои ќе го сторат истото и не од желба или избор туку од немање друг излез. Примерот на Грција која не појде по патот на спас и отпис на долговите предложен од Варуфакис туку по вазалскиот пат на Ципрас е едноставно застрашувачки пример за ропство на една земја кон глобалофашистите. Најновата вест е дека Грција “успешно” ги завршила трите програми за “спас” на економијата наметнати од ЕУ, ММФ, со резултат: 25% од економијата уништен, распродадени ресурси за бадијала, а надворешниот долг, внимавајте сега е најинтересното, пак истиот! 330 милијарди евра, како и пред “спасот”! Таков спас уверени сме никому не му е потребен.

Македонија има сопствени сили да се возобновува со свои средства плус тие кои со запирањето на деценискиот годишен арач од најмалку 1.5 милијарди долари на корумпираните и негово насочување кон македонската економија. А и светот е многу поголем отколку пропаднатите западни финансиски институции со голем избор на поправични и поефтини извори на финансирање ако е потребно.

Ситуацијата сега:

Во Македонија ние сега, и од времето на ДПНЕ а уште повеќе од времето на Хунтата на СДС/УЧК, исто како и сите други нации во светот сме веќе финансиски робови за навек во јаремот на глобалистичкиот неолиберализам во корист на 0.00001% од елитите околу Сорос и раката сопственици на мултинационалните компании

  • Неотплатлив Долг од над 8 милијарди долари – и, отплаќање на камати, камати на камати итн. – Цел Вечно Финансиско Ропство и Земање на Природните Ресурси

Јавниот долг на Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5 отсто во однос на БДП. Државниот долг, пак, на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 отсто во однос на БДП.

Целта е да не можеш да ги отплатиш и да станеш роб, вечно да плаќаш камати и да ги даваш бесплатно своите природни, национални и човечки ресурси!

  • Системски Огромен Надворешно-Трговски Дефицит од околу 2 Милијарди Долари Годишно за Неизбежен Банкрот

Годишниот надворешно трговски дефицит на Македонија на крајот на 2018 година изнесува 1.811 милијарди евра, 2017 изнесувал 1.819 милијарди, во 2016 бил 1.786 милијарди евра, 2015 изнесувал 1,713, без тренд на намалување. Се работи за системски трговски дефицит за скор државен банкрот.

Погледајте повеќе за оваа тема (почнува од 0 минути и 58 секунди натаму) од предавањето на Горан Шумкоски, меѓународен експерт и член на  ИО на РОДИНА МАКЕДОНИЈА: за Програмата Вистинскиот Македонски Пат која ќе одговори на жестоките предизвици каде поразениот неолиберализам под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија.

https://www.facebook.com/rodina.makedonija/videos/574848363259368/

Ситуацијата со Родина на власт:

Авангардна програма за градење глобално-конкурентна Македонска Економија – Враќање на 1.4 Милијарди украдени долари годишно во Македонската економија и во џебот на Македонецот купувач и продавач.

Запирање и судење за тендерско исцицување на 680 милиони евра годишно од Македонскиот буџет.

Национализација на сите стратешки важни фирми и организации, странските банки, ЕВН, телекомите, природните ресурси и канализирање на исцицаните средства назад во Македонската Економија.

Отпишување на државниот долг направен од корумпираните елити на грбот на нашите деца и внуци а ставен во нивни сопствени џебови.

Ревизија на приватизациите. Конфискација на се што е украдено од 1991 наваму.

Итн, итн.

За отпишувањето на државниот долг направен од корумпираните елити погледај повеќе во видеото (делот за долгот почнува од 3 минути и 08 секунди) Програмскa целинa – Економски Насоки – Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација!

https://www.facebook.com/rodina.makedonija/videos/481536722400012/

Затоа, РОДИНА МАКЕДОНИЈА се обврзува да го отпише државниот долг направен од корумпираните елити на грбот на нашите деца и внуци а ставен во нивни сопствени џебови.

https://rodina.org.mk/pristapnica/